Поврзете се со нас

Балкан

„Германецот“ Соса со порака до Хрватите: Одлуката е донесена, нема враќање назад

Објавено

на

Борна Соса предизвика бран реакции откако доби германски пасош и стана очигледно дека е поблиску до германската, отколку хрватската репрезентација.

Иако левиот бек на Штутгарт има одиграно речиси 50 натпревари за младинските селекции на Хрватска, на 23-годишна возраст се уште немаше добиено повик од хрватскиот селектор Златко Далиќ, а сега очигледно тоа ќе им се врати на Хрватите како бумеранг.

Засега е нејасно дали Соса ќе дебитира за Германија уште на претстојното Европско првенство, но самиот фудбалер навести дека ја донел одлуката за која репрезентација ќе настапува.

– Готово е, мојот став нема да се промени.

– Ме побараа од Хрватскиот фудбалски сојуз, зборував со селекторот Далиќ, им ја соопштив мојата одлука и нема враќање назад.

– Контактите со Германците започнаа пред три месеци, јас констатирав дека нема да бидам повикан од хрватскиот селектор, а Германија направи се што може да ми гарантира дека ќе бидам дел од националниот тим. Од Хрватска во тој период никој не ме побара и ми беше јасно што ќе се случува. Ако одам на ЕП супер, ако не, знам дека ќе играм на следното Светско првенство, – изјавил Соса кој ја подели и хрватската јавност, откако дел од фановите го прогласија за предавник, а дел сметаат дека постапил исправно и вината оди на сметка на селекторот Далиќ и сојузот.

Соса важи за најдобар лев бек во Бундеслигата и му е соиграч на нашиот Дарко Чурлинов, а пасошот го добил затоа што неговата мајка е родена во Берлин.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни