Поврзете се со нас

Македонија

Германецот си заминува од Скопје: Дисингер го избра новиот клуб за следната сезона (Фото)

Објавено

на

Иван Чупиќ ги брои своите последни денови во својот втор дом како што го нарече Скопје, но покрај него, тимот и дефинитивно го напушта уште еден член од вториот шампионски тим.

Германецот Кристијан Дисингер одигра важна улога во втората титула во Лигата на шампионите и успеа да ги преброди и кризните моменти во клубот со неисплатени плати и многу проблеми, но по крајот на оваа сезона, и официјално нема да го гледаме во „црвено-црниот“ дрес.

Потврда за ваквата информација добивме ова попладне, откако романскиот ракометен великан и соопшти на јавноста дека Германецот направил избор, односно ставил потпис на двегодишен договор со Динамо Букурешт.

Динамо му посака официјално добредојде на новиот ракометар кој ќе има важна улога наредната натпреварувачка сезона, што значи дека претстојните натпревари кои ќе ги игра Дисингер во Скопје, ќе бидат негови последни за Вардар.

Оваа вест е само потврда за амбициозниот проект кој го има клубот од Букурешт, кој веќе го контактираше и Чави Пасквал кој после 12 години ја напушта тренерската функција во Барселона.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни