Германецот низ „иглени уши“: Фетел го престигна Ботас каде што никој не очекуваше (Видео)

fetel-botas

Себастијан Фетел го имаше потегот на викендот минатата недела во Австрија на патеката во Шпилберг, но возачот на Ферари се погрижи најдобриот маневар да му припадне нему и на денешното гран-при кое се возеше во Велика Британија.

Во спектакуларниот и фантастичен финиш, Себастија Фетел успеа да се избори за победа на Силверстоун, а клучно за ваквиот рапслет се покажа извонредното престигнување кое го изрежира на пет круга пред крајот. Фетел пројде низ „иглени уши“ и успеа да го мине Валтери Ботас онаму каде што никој не очекуваше, а со овој маневар си осигура победа на патеката на која прв фаворит секако беше Луис Хамилтон.

3

Facebook Коментари