Поврзете се со нас

Свет

Германецот имаше јасна задача на теренот: Крос го „стави во џеб“ Ди Марија (Видео)

Објавено

на

Реал Мадрид го победи Јувентус со резултат 2:0 во Америка и успешно го мина последниот тест пред она што следи, а тоа е европското Суперкуп финале против Ајнтрахт Франкфурт кое се игра на 10-ти август.

Карло Анчелоти најави дека против Јувентус ќе излезе со тимот кој треба да настапи и против Германците во Суперкупот, но сериозниот пристап на „кралевите“ можеше да се забележи од конечниот резултат, но и од однесувањето на Тони Крос.

По натпреварот во Америка најголемо внинание привлече изјавата на Карло Анчелоти за неговиот „Бермудски триаголник“ составен од Касемиро, Крос и Модриќ, но од оваа тројка, Германецот имаше специфична задача на дуелот со Јувентус.

Тони Крос беше задолжен да го чува Анхел Ди Марија и постојано беше во негова близина, а од видео компилацијата која стана вирална на Твитер, може слободно да се заклучи дека Аргентинецот беше „ставен во џеб“.

Германецот беше верна сенка на крилниот фудбалер кој порано беше дел од Реал и ги доби речиси сите дуели кои ги имаа на теренот.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни