Поврзете се со нас

Шпанија

Германецот е убедливо најоткачен играч во Реал: Ридигер го примени „Мората рецептот“ и врз Модриќ (Видео)

Објавено

на

Foto:twitter.com/realmadrid

Антонио Ридигер блескаше со настапите во дресот на Челси и тоа му осигура најважен трансфер во неговата кариера, заминувајќи како слободен агент во редовите на Реал Мадрид.

Германскиот репрезентативец го достигна зенитот кога беше блиску до 30 години и сега ги повторува перфектните изданија и во дресот на Реал, каде полека прераснува и во вистински миленик меѓу фановите.

Стоперот веќе некое време важи за најоткачен фудбалер во соблекувалната на Реал и тој се грижи за добро расположение меѓу соиграчите, а доказ за тоа добивме и за време на прославата во Ријад.

Реал Мадрид ја надигра Барселона и со победа од 4:1 го осигура трофејот во Суперкупот, но за време на прославата во фокусот беше токму Ридигер.

Дефанзивецот реши да го повтори „Мората рецептот“ од дербито со Атлетико кога го штипеше напаѓачот за брадавицата, па сега на неговото мени се најде и Лука Модриќ…..

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни