Поврзете се со нас

Лига на шампиони

Германецот дојде до рекордот: Нојер се изедначи со Касилјас во ЛШ

Објавено

на

foto:twitter.com/FCBayernEN

Баерн Минхен не дозволи ново изненадување и со победа од 3-0 над Лацио обезбеди пласман во четвртфиналето на Лигата на шампионите.

„Баварците“ беа поразени на првиот меч во Рим (1-0), меѓутоа на реваншот на „Алијанц Арена“ го потврдија статусот на фаворити и со вкупни 3-1 се пласираа меѓу осумте најдобри во елитното натпреварување. Хари Кејн (2) и Томас Милер беа стрелци на головите, но ова беше посебен меч за Мануел Нојер кој изедначи голем рекорд на Икер Касилјас во ЛШ.

Сега Германецот е изедначен со Касилјас кога се во прашање „чистите мрежи“ во оваа конкуренција, поточно ова за Нојер беше 57 меч на кој нема примено гол. Тој овој учинок го оствари на 136 средби.

На третото место на оваа листа е Џанлуиџи Буфон кој во кариерата имаше 52 средби на кои ја сочува мрежата во елитното друштво.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни