Свет
Германди го исфрли Давидовски во последниот круг, Галаш е шести различен победник во ТЦР Европа

Шестата трка во ТЦР Европа ни донесе и шести различен победник, бидејќи на вториот натпреварувачки ден на Спа, најдобар беше Јаким Галаш од Чешка, а голема штета беше тоа што нашиот Виктор Давидовски не ја заврши трката.
Галаш ја предводеше колоната од самиот старт како резутлат на изменетиот поредок на позициите во ова натпреварување, но поволна вест за него на почетокот беше и тоа што тимскиот колега Хомола со своето Хјундаи го мина Коронел и тоа му донесе доста помирна трка без многу напади.
Во првиот круг, навистина возбудлив беше потегот на Џиролами кој мина двајца противници од надворешноста и изби на четвртата позиција, место кое му овозможува да освои нови бодови и да остане на првото место во генералниот пласман.
За жал, неговиот тимски колега Давидовски денеска имаше лош ден, па така откако вчера освои бодови, а претходно победи на „Пол Рикар“ со сензационално возење, денеска беше удрен во самата завршница.
При самиот влез во последниот круг, Давидовски беше удрен од Џакомо Германди во борбата за 16-та позиција и трката му беше упропастена во завршните километри, па македонскиот натпреварувач остана без бодови на вториот натпреварувачки ден во Белгија.
Тоа значи и пад во генералниот пласман од деветтото на дванаесеттото место, додека Џиролами останува на првата позиција со вкупно освоени 205 бодови.
Следниот гран при викенд во ТЦР Европа се вози за две недели, а домаќин ќе биде Германија на двете трки кои се возат на 2-ри и 3-ти јули.
-
Англијапред 23 часа
Мерсон за повлечениот потег на Арсенал: Тој не може да биде стартер ниту во Фулам
-
Светпред 15 часа
Халанд не се однесува како голема ѕвезда и ги воодушеви присутните на плажа во Марбелја (Видео)
-
Англијапред 15 часа
Фоден избркан од луксузна плажа на Крф поради бесна караница со својата девојка (Видео)
-
Италијапред 16 часа
Малдини со рецептот „Тео Ернандес“ привлекува играч на Реал кој е во последната година од договорот (Фото)
-
Светпред 24 часа
Ди Марија се плаши за местото во репрезентацијата: Само еден е сигурен!
-
АТПпред 22 часа
Циципас триумфираше во Мајорка, Надал му испрати порака: Победи го Ѓоковиќ на Вимблдон (ВИДЕО)
-
Германијапред 23 часа
Барселона се впушта во завршна офанзива за Левандовски
-
Италијапред 18 часа
Милито му испрати трансфер совет на Дибала: Желбата за одмазда ќе направи разлика