Германците си прават шеги на сметка на Вујовиќ: Маскоти го бранеа голот (Видео)

Maskoti

Популарниот Вујо е човекот по кој ќе биде запаметено изминатото Европско првенство. Тој со неговиот потег направи многу луѓе да се прашуваат какви се правилата во ракометот и дали воопшто еден селектор смее да се однесува како што тој се однесуваше на неколку натпревари. Судиите во текот на Европското првенство на натпреварот на Словенија и Германија, им досудија пенал на Германците, кој пред Рајхман да израмни на 25:25, видовме едно несекојдневно шоу на ценетиот стручњак кој во знак на протест, застана на голот наместо Скок.

Па сега, благодарение на Вујовиќ, во Германија на сред ол-стар натпревар, во еден момент влегоа маскоти и застанаа на голот да бранат пенал на противнички играч.

Facebook Коментари