Европски првенства
Германците останаа со 14 ракометари и еден голман за дербито со Полска

Германија и Полска во меѓусебен дуел ќе решаваат за првото место во групата на Европското ракометно првенство, а германскиот состав заработи уште еден удар од ковид пандемијата.
Неколку часа пред почетокот на средбата, голманот Тил Климпке и Марсел Шилер имале позитивни тестови, па селекторот Алфред Гисласен останува само со 14 играчи за денешниот дуел.
Вчера, шест германски репрезентативци беа позитивни и веќе се во изолација, меѓу нив беа и Андреас Волф и Каи Хафнер, додека од претходно правото на настап од истата причина го загуби и Јулиус Кун.
Гисласен остана со еден голман и тоа 39-годишниот Јоханес Битер, кој допатува дополнително во Братислава, а на сличен начин беа повикани и Дамке, Фирнхабер, Друкс и Вајде.
Натпреварот Германија-Полска денеска се игра од 18 часот, а ќе го суди македонската двојка Начевски-Николов.
-
Македонијапред 18 часа
Инфаркт завршница во Кавадарци: Талески со гол во последната акција го остави Пелистер и без Куп трофејот!
-
Македонијапред 16 часа
Дејвис со оригинален коментар по Куп драмата: Овој тим на Вардар има „кохонес“
-
Германијапред 23 часа
Мајсторија која ќе се врти: Соиграч на Чурлинов постигна гол од половина терен (ВИДЕО)
-
Шпанијапред 21 час
Таткото на Меси: Се надевам Лео ќе се врати во Барселона
-
Италијапред 6 часа
Интер не се откажува од Перишиќ: Ќе ја донесеме најдобрата одлука, сакаме да остане со нас
-
Македонијапред 17 часа
Херојот Талески: Пресуди името Вардар, Пелистер нема играч кој презема одговорност!
-
НБАпред 7 часа
Доктор Дончиќ и Далас го прегазија Феникс во мајсторката, Бостон му пресуди на шампионот (ВИДЕО)
-
Италијапред 7 часа
Објаснување за нереалниот погодок: Тео обелодени што помислил кога ја прими топката на 80 метри од голот (Видео)