Поврзете се со нас

Европски првенства

Германците не добија чист пенал поради новото правило на УЕФА (Фото)

Објавено

на

Foto:x.com/SEFutbol

Германија остана без сонот да ја освои европската титула на домашно тло, откако вчера во драматични услови загуби од Шпанија во четвртфиналето во Штутгарт.

Тимот на Јулијан Нагелсман беше подобар тим во самата завршница и заслужено стигна до израмнување, а овој налет го искористи и во првото продолжение во кое беше поконкретен.

Гермаците имаа голема шанса преку Мусиала кој биеше кон голот, па иако токата ќе беше многу опасна кон шпанскиот гол, судијата Ентони Тејлор процени дека играњето со рака на Марк Кукурелја не е ситуација во која треба да се досуди пенал.

Иако левиот бек го згоолеми своето тел со левата рака и топката удри директно во неа, Тејлор не беше коригиран ниту од луѓето во ВАР собата, а причина за тоа се новите насоки кои ги дале од УЕФА.

Објаснувањето на угледните новинари кои биле дел од брифингот на УЕФА пред Европското првенство е дека водечките луѓе донеле ново правило за играњето со рака, според кое нема да се суди пенал кога раката е во вертикална положба и спуштена кон земја.

Новото правило е главната причина поради кое Германците останаа без пенал, ситуација за која сигурно ќе добиеја најстрога казна според правилата на ФИФА и УЕФА кои важеа до пред еден месец.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни