Поврзете се со нас

Германија

Германците ја открија точната висина на трансферите кои ги направија Дембеле, Белингам и Халанд

Објавено

на

Foto:twitter.com/BVB

Борусија Дортмунд е идеално место за младите фудбалери да го прикажат сиот свој потенцијал, а последните години најголеми ѕвезди кои си заминаа од „Сигнал Идуна парк“ беа Усман Дембеле, Ерлинг Халанд, Џуд Белингам и Џејдон Санчо.

Овој последниот доживеа вистински хорор откако си замина од германскиот клуб и се уште не може да се врати на вистински пат, додека останатите тројца донесоа огромна заработка за клубот од Вестфален кој е познат по тоа што максимално ги наплаќа трансферите на своите фудбалери.

Иако специјализираните новинари при комплетираните трансфери на Дембеле, Белингам и Халанд објавија вести за дел од сумите кои ги инвестирале Барселона, Реал Мадрид и Манчестер Сити, „Билд“ сега излезе со ексклузивни информации и откри колку точно заработиле „милионерите“ од трите операции.

Според извештајот од завршните сметки на Борусија, клубот инкасирал точно 148 милиони евра за трансферот на Дембеле на „Камп Ноу“, фиксни 103 милиони евра за Џуд Белингам од Реал Мадрид, како и 60 милиони евра од Сити за Халанд.

Испаѓа дека Норвежанецот е најслабата трансфер операцијата на „милионерите“ во последните неколку години, кои пак за Белингам ова лето добиле уште 10 милиони евра во вид на бонуси за освоената титула на Реал во Лигата на шампиони.

 

Реклама
Реклама

Италија

Реклама

Популарни