Германците изненадени од изгледот на Милосављев: Мора да ослабне најмалку 10 килограми! (Фото)

Germany Handball Champions League .

Дејан Милосављев имаше сезона за паметење како член на Вардар и сосема заслужено беше избран за најдобар голман во Лигата на шампионите, а сега во период кога ги стартуваше подготовките со новиот клуб Фуксе Берлин, пристигнаа едни навистина неочекувани изјави од Германија.

Како што јавуваат дел од германските медиуми, Милосављев во секој поглед уживал во изминатиов период како европски шампион, па така пристигнал на летните подготовки со значителен вишок на килограми, кој и онака го имаше како член на Вардар. Сепак, физичкиот изглед на Србинот на првиот тренинг со Фуксе значително се разликува од неговиот последен настап кој го имаше за Вардар, па поради тоа, кондицискиот тренер на клубот му препорача да ослабне најмалку 10 килограми во следниот период пред стартот на сезоната.

– Неговата тежина носи ризик за повреди. Сигурно нема да го натераме и не очекуваме да ослабне 100 килограми, но за него и неговото здравје најдобро е да ослабне најмалку 10 килограми, – порача фитнес тренерот на Фуксе, Карстен Корбрик.

Ваквата изјава на човекот кој ги подготвува играчите на тимот од Берлин беше надоврзана и од страна на тренерот на тимот, кој пак нагласи дека најважнот за него е Дејан да биде на нивото на кое беше минатата сезона, без оглед на тоа колку килограми тежи.

– Разговаравме за неговата тежина, но искрено не ме интересира како изгледа и колку тежи. Најважно е да брани како што знае и да потврди дека е најдобар голман во Лигата на шампионите. Како и да е, нема да имам ништо против ако намали некој килограм, – порача тренерот Велимир Петковиќ.

Füchse Berlin im Trainingslager Lübbenau

Facebook Коментари