Поврзете се со нас

Германија

Германците го открија говорот на разочараниот Тухел откако ја дознал веста за отказот: Пораката за играчите била брутална

Објавено

на

Foto:twitter.com/FCBayern

Томас Тухел ги брои последните месеци како тренер на Баерн Минхен и веќе надалеку познато е дека си оди по крајот на сезоната, за која постои голема веројатност баварците да ја завршат без освоен трофеј.

Тухел не успеа да ја развие својата работа онака како што замислуваше и фудбалерите од првиот тим не одговорија позитивно на неговите фудбалски идеи, па болната серија од три порази во низа го натера клубот да најави разделба со него на крајот од сезоната.

Со тој чекор, планот е да се намали притисокот врз играчите и тренерот и останатите три месеци да се доработат на најдобар можен начин, но германските медиуми сега откриваат дека Томас реагирал и прилично бурно пред своите фудбалери кога ја дознал одлуката на раководството.

Углдните новинари го пренесоа краткиот говор кој го имал Тухел во соблекувалната веднаш по состанокот кој го имал со директорите, средба на која му било соопштено дека нема да го води тимот наредната сезона.

– Повеќе нема да има дискусии за мене секоја недела, сега сите знаете дека ќе си одам на крајот на сезоната. Добра вест е тоа што се уште може да оствариме нешто заедно, мора да почнеме да победуваме. Сега сите може да почнете да се докажувате за новиот тренер кој ќе ме наследи, – им порачал Тухел на фудбалерите.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни