Поврзете се со нас

Балкан

Германците го „откачија“ Соса, Хрватите ќе размислат за прошка

Објавено

на

Борна Соса направи голем потрес на хрватската фудбалска сцена откако зема германски пасош и беше најавено дека во иднина ќе настапува за Германија, иако ги минал сите младински категории на Хрватска, земјата во која е роден и израснал.

Левиот бек на Штутгарт на крајот дозна дека поради променетите правила на ФИФА не може да ја промени селекцијата, иако не настапил во сениорска конкуренција, а тоа му го потврдиле и Оливе Бироф и останатите одговорни во Германската фудбалска федерација.

Топката сега се враќа кај хрватскиот селектор Златко Далиќ, кој досега го игнорираше Соса, а сега и дел од фановите ќе ја поддржат неговата одлука да не го повикува во националниот тим.

– Жал ми е за момчето кое имаше погрешни советници и донесе погрешна одлука.

– Млад е, секој човек греши, а јас сум подготвен да простам. За жал, во меѓувреме јас и сојузот доживеавме многу некоректни напади, па одлуката ќе биде заедничка, – изјавил Далиќ за „Индекс“.

Она што е јасно е дека Соса нема да добие шанса на претстојното Европско првенство, а понатаму ќе мора да чека зелено светло од селекторот и сојузот.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни