Репрезентација
Германците го одредија стадионот на кој ќе ја пречекаат Македонија во квалификациите за СП

Германската фудбалска федерација денеска откри на кој стадион Германците ќе ги одиграат првите средби од квалификациите за Светското првенство во Катар.
Изборот падна на Дуизбург, што значи дека Германија ќе ја пречека Македонија токму во овој град, кој во моментов нема претставник во првата Бундеслига, но затоа има долга фудбалска традиција.
Дуизбург ќе биде локацијата каде Германците ќе го одиграат првиот квалификациски меч во 2021 година и тоа против Исланд на 25 март, за шест дена подоцна да ја пречекаат македонската селекција.
Меѓу овие два натпревара, Германија гостува во Букурешт, каде за противник ќе ја има репрезентацијата на Романија.
Германците решија да го минимизираат движењето на репрезентативците поради коронавирусот, па затоа третпат еден град ќе биде домаќин на две средби во една недела.

- НБАпред 23 часа
Дончиќ: Не можете да ме споредувате со Лери Бирд
- Италијапред 21 час
„Бум-бум“ Иле: Несторовски доби вистинска шанса и ја реши Фиорентина (ВИДЕО)
- Англијапред 22 часа
Вернер: Се чувствувам виновен за отказот на Лампард
- Англијапред 19 часа
Мурињо со коментар за фудбалското шоу на Бејл кое ја воодушеви Англија: Сега изгледа како играч…. (Видео)
- Шпанијапред 18 часа
Урнебес во Валдебебас: Ѕвезда на Реал мораше да вика влечна служба за својот Ролс Ројс вреден 300 илјади евра (Видео)
- Репрезентацијапред 24 часа
Иднината на македонскиот ракомет: Селективен камп за талентирани ракометарки (ФОТО)
- Англијапред 17 часа
Лук Шо откри какво чудно објаснување добиле играчите од судијата Атвел за недосудениот пенал
- Италијапред 23 часа
Роналдо спореден со Мајкл Џордан: Никогаш нема да има играч како него