Поврзете се со нас

Германија

Германците го договориле наследникот на Флик

Објавено

на

Германската фудбалска федерација не споделуваше многу информации во однос на потенцијалниот наследник на селекторот Ханси Флик, но медиумите шпекулираа дека најблиску до позицијата е Јулијан Нагелсман.

Неколку месеци откако доби отказ од Баерн Минхен, Нагелсман денеска постигнал договор да ги предводи Германците најмалку до Европското првенство на која оваа селекција ќе биде домаќин.

Останува уште да се синхронизираат деталите од договорот, пред официјалната промоција, но „Билд“ тврди дека е јасно кој ја добил довербата на федерацијата, па Нагелсман ќе го има и првото селекторско искуство.

Медиумот пренесува дека месечната плата на 36-годишниот стручњак ќе изнесува 400.000 евра.

Договорот меѓу двете страни ќе може да биде продолжен по крајот на ЕП, со што Нагелсман би добил и цел мундијалски циклус.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни