Поврзете се со нас

Светски првенства

Германците ги утврдија премиите за СП, титула ќе донесе по 400.000 евра за секој играч

Објавено

на

Германија е еден од фаворитите од сенка на Светското првенство во Катар, меѓутоа повеќе од јасно дека оваа репрезентација никогаш не смее да се потцени без разлика на смената на генерации затоа што секое потценување може скапо да го чини секој противник.

Четирикратниот светски шампион е во група со Шпанија, Коста Рика и Јапонија и ако се суди по квалитетот треба да ја мине оваа фаза. Сепак треба да се оди чекор по чекор, меч по меч, а тоа го знаат и Германците кои ги утврдија премиите за можните успеси на шампионатот.

Најголемата награда изнесува 400.000 евра по играч, а истата ќе се активира ако избраницте на Ханси Флик стана шампиони во Катар.

Според договорот, секој играч ќе добие по 50.000 евра за прво место во групата, 100.000 за пласман во четврт-финалето и 150.000 евра за пласман во полуфиналето. Освојувањето на третото место ќе му донесе по 200.000 евра на секој играч, а пласманот во финалето 250.000 евра.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни