Гери Невил со среден прст го поздрави Карагер и ги „запали“ социјалните мрежи пред денешното дерби (Видео)

kara-geri

Најголемото англиско дерби помеѓу Ливерпул и Манчестер Јунајтед ќе започне за нешто повеќе од еден час, а атмосферата пред истото ја загреаа двајцата поранешни лути противници, сега соработници во „Скај Спортс“, Гери Невил и Џејми Карагер.

Имено, Карагер одеше во живо на неговиот Инстаграм профил и ги кажуваше титулите освоени од страна на Ливерпул, а во тој момент во кадар влета Гери Невил кој му покажа среден прст.

Невил продолжи право, а тогаш Карагер му викна дека тој оди кон соблекувалните на Ливерпул, на што Невил само кратко му одговори „од**и“..

Видеото кое е доста смешно со голема брзина се шири на социјалните мрежи..

Facebook Коментари