Поврзете се со нас

Англија

Герет Бејл би можел да се врати во Премиер лигата ова лето

Објавено

на

Реал Мадрид бара начин како да се ослободи од Герет Бејл кој зема огромна плата, а на теренот не покажува ништо специјално.

Велшанецот не брза со негово заминување, затоа што барем засега не се појавуваше тим кој ќе ги исполни неговите финансиски барања.

Сепак, како што сега пишува „Дејли Мејл“, Бејл би можел да се врати во Премиер лигата откако тимот на Њукасл покажал подготвеност да ги исполни барањата на некогаш еден од најдобрите светски фудбалери.

Дека саудиските сопственици не се шегуваат говори и фактот што во моментов најсериозен кандидат за клупата на Њукасл е Маурисио Покетино, додека Бејл би требало да биде едно од првите звучни засилувања.

Од Реал Мадрид ќе се согласат да го продадат за не многу голема сума, нешто што одговара на тимот на Њукасл кој сепак ќе треба да издвои над 250.000 фунти неделна плата за Велшанецот.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни