Поврзете се со нас

Германија

Гереро со брилијантен погодок ја најави, а Халанд со лоб мајсторија ја потврди победата на Дортмунд (ВИДЕО)

Објавено

на

Составот на Борусија Дортмунд ја забележа третата победа во низа во Бундеслигата, а нивна последна жртва беше Унион Берлин кој беше совладан на „Сигнал Идуна Парк“ со 4-2.

„Милионерите“ уште еднаш покажаа дека се супер офанзивна екипа во која се издвојува Ерлинг Халанд. Норвежанецот беше автор на два гола од кои за издвојување е оној во 83 минута кога покажа убинствен инстинкт и со лоб мајсторија ја потврди победата на својата екипа.

Исто така вреди да се потенцира и првиот погодок во Дортмунд кој беше дело на португалецот Гереро кој испрати проектил кој беше неодбранлив.

Борусија со 12 бода е при самиот врв на табелата.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни