Гереро ќе игра за Перу на мундијалот поради „лудата“ одбрана на неговите адвокати

gerero1

Информацијата дека искусниот Пауло Гереро паднал на допинг тест ги шокираше фудбалските фанови во Перу, а тој шок беше комплетиран со суспензијата од една година одредена од ФИФА.

Иако за многумина тоа беше доволно да го отпишат напаѓачот од СП во Русија, така не мислеа и неговите адвокати. При презентирањето на жалбата, адвокатите на Гереро како доказ искористиле мумија стара 500 години и пронајдена на Андите. При анализата на косата на мумијата бил пронајден остаток од кокаин, што за адвокатите било доказ дека кокаинот може да се задржи во организмот навистина долг период.

Адвокатите признале дека нивниот клиент има користено кокаин, но тоа може да се случило пред 15 години, а сега тој е некоректно казнет пред СП во Русија. ФИФА делумно ја прифати жалбата и ја намали казната на 6 месеци, што значи дека Гереро ќе може да го предводи Перу на мундијалот ова лето.

Facebook Коментари