Поврзете се со нас

Свет

Гереро бесен по поразот од Аргентина: Тешко е да играте кога не смеете да го допрете Меси со прст!

Објавено

на

Аргентина го скрши бедемот пред голот на Перу со мајсторијата која ја креираа Лео Меси и Лаутаро Мартинез, па иако победата на домаќините беше и повеќе од заслужена со оглед на офанзивниот пристап, сепак Перуанците имаа забелешка за тоа како судијата ја делел правдата на оваа средба.

Гостите од Лима во текот на натпреварот често се жалеа за судискиот критериум на колумбискиот арбитар, Вилмар Ролдан, а по натпреварот, гласот го крена капитенот на Перу, Паоло Гереро.

Поранешниот напаѓач на Баерн Минхен и Хамбургер е вистинска легенда на Перу, па си даде за право да ги нападне судиите кои според него во текот на мечот постојано го штителе Лионел Меси.

– Не знам каква анализа ќе направите вие новинарите на овој натпревар, но мислам дека на физички план бевме рамноправни. Тешко е да играте кога судијата влијае врз играта, кога не добивате ист критериум.

– Ние бевме туркани и не добивме ниту еден фаул, а од друга страна, Меси го допираш со прст и веднаш се суди прекршок. Никој не го кажува тоа поради фактот што се работи за Меси, но вистината е таа која јас ја кажувам, – се пожали 40-годишниот Гереро.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни