Поврзете се со нас

Македонија

Герасимовски откри како ќе изгледа новиот модерен дом на Работнички (Фото)

Објавено

на

Горан Герасимовски како градоначалник на Општина Центар се заложи да направи еден круцијален проект за доброто на Работнички, но и за македонскиот спорт.

На крајот на месец декември почна реконструкцијата и модрнизацијата на познатата сала Градски парк, а Герасимовски денеска ги објави и првите проекции за тоа како ќе изгледа новиот дом на кошаркарската гордост во Центар.

– Салата ќе биде модернизирана и целосно прилагодена за тренинзи и врвни спортски настани. КК „Работнички“ заслужува вистински дом, а со оваа реконструкција Општина Центар тоа ќе го обезбеди за својот најтрофеен клуб, отворајќи нови можности за успеси и давајќи поттик за понатамошен развој и подем на македонскиот спорт, – порача Герасимовски во декември, а денеска сподели нова објава на социјалните мрежи.

– Култната сала Работнички ќе блесне во ново руво! Реконструкцијата се одвива во полн ек и според највисоки стандарди.

– Го прошируваме теренот, наместо бетонски клупи поставуваме нови седишта, соблекувални, туш кабини, подно греење, кров и фасада. Во 2025-та добиваме нова и модерна сала по 50 години! Ви се допаѓа нели?, – гласи објавата на градоначалникот на Општина Центар.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни