Поврзете се со нас

Боречки спортови

Георгиевски: Знам дека најавив злато, но ова е сребро со златен сјај

Објавено

на

Дејан Георгиевски и неговиот тим денеска беше примен од страна на Агенцијата на млади и спорт, поточно од директорот Наумче Мојсоски. Причината за тоа е добро позната, големиот успех и освоениот сребрен медал на Летните Олимписки Игри во Токио.

Нашиот репрезентативец во таеквондо направи извонреден резултат, најдобар наш успех кога се во прашање олимписките турнири на Македонија како независна држава. Новиот македонски спортски херој се заблагодари на поддршката од јавноста и вети напорна работи и медали, одличја и во иднина.

-Голема благодарност до цела Македонија, до целата јавност, до целиот народ за огромната поддршка. На денот на натпреварот не ги следев социјалните мрежи, но од тимот добивав информации каква силна поддршка и еуфорија има во Македонија. Тоа ми даде дополнителна енергија. Знам дека најавив злато пред ОИ, но за жал овојпат е сребро, ама со со златен сјај ако се знае преку какви противници минав. Се надевам, сигурен сум дека на следните ОИ во Париз ќе имаме многу повеќе претставници од таеквондото и до другите спортови. Им посакувам успех на останатите наши спортисти во Токио, се надевам ќе не израдуваат со уште некој медал, -истакна Георгиевски.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни