Поврзете се со нас

Репрезентација

Георгиевски за „Северна“ на нашите дресови: Тоа не беше наш избор, така ни беше наложено

Објавено

на

Драган Бајиќ попладнево беше официјално претставен како нов селектор на нашата кошаркарска репрезентација, но оваа промоција воедно беше искористена да се одговори и на едно прашање кое доста беше актуелно во нашата јавноста.

Имаше многу реакции, коментари за тоа зошто националниот тим во Перм настапи со дресови Северна Македонија, а не со кратенката МКД како многупати во минатото. Генералниот секретар на федерацијата, Владимир Георгиевски објасни дека тоа морало да биде направено затоа што било наложено од ФИБА.

Би сакал да објаснам некои работи, на темата што беше многу актуелна во изминатиот месец и на која бевме критикувани, иако нема вина. Настапот со дресови Северна Македонија не беше наш избор. На претходните средби настапувавме со кратенката МКД, но бевме опоменати од ФИБА дека тоа веќе нема да се толерира.

Европската куќа на кошарката инсистира на дресовите да стојат имињата на државите, поради што бевме немавме друг избор освен да настапуваме под името Северна Македонија– изјави Георгиевски.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни