Боречки спортови
Георгиевски ќе се утеши со бронзен медал, поради стомачен вирус го откажа полуфиналниот настап

Најдобриот македонски таеквондист и еден од спортистите во кои Македонија влева голема надеж за одлично претставување на светските борилишта во наредните години, Дејан Георгиевски се закити со бронзениот медал од Медитеранските игри во Алжир.
Нашиот претставник беше меѓу фаворитите за освојување на златото во Оран, но поради стомачен вирус тој не се појави на полуфиналниот натпревар против Ајуб Басел од Мароко.
Георгиевски и претходните натпревари ги играл со стомачен вирус, но денеска дехидрирал поради интензивниот стомачен вирус по што била донесена одлука да не се појави на борилиштето.
– Дејан Георгиевски за жал денес ќе застане на Бронзен медал од медитеранските игри во Алжир, иако уште од утрово јас и брат ми бевме во дилема дали воопшто да настапи Деки заради високиот ранкинг првата борба беше слободен, за втората борба иако речиси без сила тој во негов надчовечки стил смогна сили настапи и ја победи првата борба, со тоа обезбеди бронза за Македонија.
– За кусо требаше да биде полуфиналната борба на МИ 2022, заради доброто на нашата олимписка икона ќе мораме да го прекинеме денешниот поход. Деки денес имаше исклучително силна дехидратација поради високо интензивен стомачен вирус. Му посакуваме брзо оздравување !
– Дејан Георгиевски во 2018 година освои сребрен медал од медитеранските игри во Шпанија, овој пат бевме убедени дека ќе стане крал на медитеранот но со Божја помош златото ќе биде наше во 2026 на МИ во Италија. ЗА МАКЕДОНИЈА“- на социјалните мрежи објави еден од тренерите на Георгиевски, Дарко Костовски.
-
Англијапред 21 час
Фудбалер на Кристал Палас добива смртни закани поради црвениот картон на Нуњез
-
Англијапред 23 часа
Челси договори засилување од редовите на Интер
-
Италијапред 24 часа
Спалети со „отровна стрела“ за ѕвездата на Наполи: Тимот ќе опстои и без тие што не сакаат да бидат со нас
-
Италијапред 24 часа
Јувентус ја потврди повредата на Ди Марија и ги разочара фановите
-
Англијапред 5 часа
Илон Маск твитна дека го купува Јунајтед, па се повлече: Ова беше…
-
Формула 1пред 5 часа
Нови ветришта: Уредот кој му донесе шест титули на Хамилтон ќе биде повлечен од Формула 1
-
Шпанијапред 6 часа
Димитриевски се најде во тимот на колото во најквалитетните лиги во Европа (ФОТО)
-
Англијапред 8 часа
Илон Маск твитна дека го купува Манчестер Јунајтед