Поврзете се со нас

Боречки спортови

Георгиевски: Јас секогаш целам на првото место, ќе го дадам последниот атом од себе за да ја израдувам Македонија

Објавено

на

Македонскиот тaеквондист Дејан Георгиевски го делат само уште неколку часови од настапот на Олимписките Игри во Токио, настан на кој нашиот ас има високи цели да освои медал.

Ждребката не му беше наклонета на Македонецот, па првиот испит за Дејан воопшто нема да биде лесен затоа што го очекува битка со актуелниот светски шампион Рафаел Алба од Куба. Меѓутоа Георгиевски позитивно гледа на тоа што е пред него и уште еднаш порача дека ќе даде се од себе за да освои медал и ја израдува нашата држава.

-Јас секогаш одам на злато, дали е тоа европско, светско или какво било друго првенство. Носител сум на европски злато и сребро, тоа ми дава за право секогаш да целам до првото место. Успехот на крајот ќе зависи од божјата волја. Ова што го постигнав до сега, верувам е голем успех, кој 12 години не го направил наш домашен спортист. Медал од Олимписки игри е нешто повеќе од успех – тоа е историја.

-На македонската јавност, пред се, сакам да се заблагодарам за големата поддршка, потоа да кажам дека ќе го дадам и последниот атом од себе за да ја израдувам Македонија, –порача Георгиевски во интервјуто за „Ипон“

Георгиевски ќе се соочи со Алба рано изутрина во 6.45 часот по македонско време.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни