Поврзете се со нас

Репрезентација

Георгиевски дополнително повикан за дуелите со Финска и Швајцарија

Објавено

на

blank

Македонската ракометна репрезентација ја очекуваат мечеви со Финска и Швајцарија во квалификациите за пласман на Европското првенство во 2022 година, а за истите во комбинација ќе биде искусниот Гоце Георгиевски.

Тој доби дополнителен повик од селекторот Данило Брестовац и ќе го заземе местото на Мартин Поповски кој имаше позитивен тест на КОВИД-19. Популарниот Џомба е петти ракометар на Вардар кој е повикан во репрезентацијата по Стоилов, Кизиќ, Мишевски и Талески.

Шест позитивни тестови на КОВИД-19 во македонската репрезентација

Првата средба против Финска ја играме на 4 ноември во Скопје, додека пак на Швајцарија и гостуваме на 7 ноември.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни