Поврзете се со нас

Македонија

Георгиев се врати дома и потпиша за Брегалница

Објавено

на

Македонскиот фудбалски прволигаш Брегалница продолжува да гради што подобар и поконкурентен состав за новата сезона, а последната аквизиција е Бобан Георгиев.

Георгиев по неколку години минати во соседството во екипите на Радник Сурдулица и во Борац Бања Лука одлучи да се врати во татковината и во тимот во кој настапуваше од 2016 до 2017 година. Освен за Брегалница во Македонија играше и за Металург и Силекс.

Офанзивецот е четврто летно засилување за клубот од Штип, претходно договори потпишаа Бугаринот Иван Минчев,  поранешниот македонски репрезентативец Даниел Мојсов и Хрватот Антонио Азиновиќ.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни