Македонија
Георгиев го потврди интересот за купување на Вардар и откри дел од својот план
Благој Георгиев како поранешен бугарски репрезентативец и познат фудбалер од нашиот источен сосед се издвои како човек кој е најзагреан за спас на Вардар, фудбалски клуб чија неизвесност за жал е непозната бидејќи Градот Скопје најави дека нема да ги покрие долговите од досегашното раковоство.
Сергеј Самсоненко јасно стави до знаење дека веќе нема да биде прв човек на најтрофејниот фудаблски клуб во нашата земја, па во овој момент, како единствена добра опција се покажуваа онаа од Бугарија, или поточно од познатиот фудбалер.
Благој Георгиев потврди дека е преставник на конзорциум од Источна Европа кој е заинтересиран за преземање на сопственоста на ФК Вардар, клуб кој има огромна традиција на регионално, но и на европско ниво. Во разговорот за бугарската телевизија „НОВА“, Георгиев денеска објасни зошто планира да го купи Вардар заедно со европски партнери и во овој момент е оптимист околу реализирање на зделката, иако во овој момент се многу далеку од тоа.
– Доста од моите пријатели од Македонија ми раскажаа за традицијата на Вардар. Вардар во Македонија е како Левски и ЦСКА во Бугарија. Имаат многу фанови и тоа е најпопуларниот клуб во земјата.
– Веќе се запознав со дел од фановите, раководството, стадионот, базите на клубот. Можам да кажам дека може да се направи нешто големо со тој потенцијал. Во принцип, јас не сакам да зборувам нешто што не е готово. Далеку е од тоа, но знам дека многу се зборува на оваа тема во измиантиве денови. Вистина е дека сакаме да помогнеме со моите партнери и се надеваме дека нештата ќе се остварат, – порача Георгиев.
-
Репрезентација17 часа
Лазаров: Ова не личеше на меч од СП, не сакам да се правдам, но кога…
-
Светски првенства15 часа
Рекс: Ова никогаш не сум го доживеал, македонските фанови…
-
Светски првенства4 часа
Дански коментатор: Ако ова се повтори, ИХФ треба да ги затвори вратите за македонските фанови
-
Светски првенства16 часа
Кварацхелија позираше со дресот на ПСЖ: Сон е да се биде овде…(ФОТО)
-
Репрезентација20 часа
Ристовски и Ангеловски ја бодрат македонската репрезентација во Вараждин
-
Светски првенства18 часа
Митревски: Скандинавците се лесни на свирче, тежок судиски критериум за нас
-
Светски првенства6 часа
Митев: Македонија загуби од Холандија со помош од Данска
-
Репрезентација18 часа
Лазаревски: Најлесно е да се впери прст, прво треба да гледаме во својот двор