Генијалноста на Вајзер ги грогира фаворизираните Шпанци и ги направи Германците европски шампиони (Видео)

germanija-spanija

Европското фудбалско првенство во Полска за селекции до 21 година уште еднаш ни докажа дека фудаблот е крајно непредвидлива игра, бидејќи фаворизираните Шпанци комплетно потфррлија во големото финале и сосема заслужено беа поразени од упорните Германци кои покажаа неверојатна глад за триумф.

Одлучувачкиот момент се случи пред крајот на првото полувреме, или поточно во 40-та минута кога младиот Вајзер со спектакуларен и генијален потег го надмудри шпанскиот голман лобувајќи го со удар со глава.

Фудбалерот на Херта изреагира маестрално добро и не му даде никаква шанса за одговор на Кепа, а со оглед на прикажаното на теренот и фактот што Шпанците не испратија удар кон голот во првиот дел, водството на Германија беше и повеќе од заслужено.

Во вториот дел, Шпанците додадоа на гас и се обидоа да ја наметнат својата препознатлива игра, но дисциплината на Германците уште еднаш дојде до израз и всушност истата им овозможи да стигнат до втората титула на Европските првенства до 21 година.


Germany U21 1-0 Spain U21 ¦ All Goals and Full… by taftadarka2016

Facebook Коментари