Поврзете се со нас

Англија

Генијалниот потег на Бруно ги воодушеви фановите на Јунајтед (Видео)

Објавено

на

Манчестер Јунајтед го оствари петтиот триумф во низа во Премиер лигата и го скрши отпорот на незгодниот Барнли, а иако во фокусот првично се најдоа стрелците Мејсон Гринвуд и Единсон Кавани, аналитичарите посебно го издвоија Бруно Фернандеш за генијалност која ја прикажа на театарот на соништата.

Јунајтед победи со 3:1 со два гола постигнати во 84-та и 93-та минута, но фановите на Јунајтед непрекинато го гледаат видеото од првиот гол со кој беше отворен резултатот.

Причина за тоа е фудбалската елегантност и страшната визија која ја презентираше Бруно Фернандеш, кој со еден свој лажен потег имаше еднакво значење како да приреди асистенција за гол.

Топката која беше наменета за него, тој ја пропушти до својот соиграч Мејсон и докажа дека има очи и на грбот, а потоа следеше мирна реализација на Гринвуд која само ја надополни и збогати фудбалската минијатура на Португалецот.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни