Поврзете се со нас

Свет

Генијална асистенција на Теодосиќ во Суперкуп триумфот на Виртус (Видео)

Објавено

на

Виртус Болоња го освои италијанскиот кошаркарски Суперкуп, а Милош Теодосиќ повторно го привлече вниманието со една атрактивна асистенција.

На вечерашното финале на Суперкупот, Виртус победи во дербито со Милано со резултат 90:84, збогатувајќи ја клупската колекција на трофеи.

Теодосиќ стана хит на социјалните мрежи со асистенцијата со која навлече двајца противнички играчи и од зад грб го проигра Жаите, кој реализираше без проблем.

Теодосиќ го завршил натпреварот со 9 поени и 6 асистенции, а најефикасен кај Виртус бил Жаите со 18 поени.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни