Поврзете се со нас

Италија

Гендузи: Сари ме шокираше, не треба да заборавиме што направи

Објавено

на

Foto:twitter.com/OfficialSSLazio

Матео Гендузи повторно игра во најдобра форма и најзаслужен за тоа е Маурицио Сари, тренерот кој му помогна да ја врати самодовербата, но и да добие место во националниот тин на Дидие Дешамп.

Играчот за врска има 24 години и пред него се уште многу сезони врвен фудбал, а фактот што се чувствува комотно и среќно во Лацио дефинитивно се одразува врз неговите изданија на теренот.

Гендузи во иднина ќе соработува со Игор Тудор и ќе мора да се привикне на строгите методи кои ги практикува Хрватот, но од друга страна, вели дека вечно ќе му биде благодарен на неговиот претходник.

– Бев нависитна изненаден и шокиран од одлуката на Сари. Никој не очекуваше дека ќе си замине. Сепак, не треба да заборавиме што направи за нас и за клубот. Го однесе Лацио до второто место минатата сезона во Серија А, не однесе во осминафиналето во Лигата на шампионите и во полуфиналето на Копа Италија.

– Ние како играчи, мора да ја почитуваме неговата одлука, преферираше да преземе чекор назад со цел да му помогне на тимот. Сари е фантастичен тренер, тренер кој има високи баррања како Емери, Артета, Сампаоли или Тудор. Многу ми помогна на тактичко ниво во Лацио. Пред да соработувам со него, не бев доволно дисциплинран, а сега сум даелку подобро позициониран и не трошам енергија на непотребни работи, – вели Гендузи во интервјуто за „Ле Паризен“.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни