Поврзете се со нас

Италија

Гендузи откри кои се целите на Лацио за оваа сезона: Ако сум искрен…

Објавено

на

foto:x.com/OfficialSSLazio

Лацио влезе во позитивна серија на резултати како во италијанскиот шампионат така и во Лига Европа со што покажа дека поседува квалитет и може да биде конкурентен во оваа сезона иако имаше доста скептицизам пред стартот на истата, големите промени во тимот и новиот тренер во името на Марко Барони кој на почетокот не беше прифатен ниту од навивачите.

Меѓутоа како што минува времето клубот од Рим покажува добри партии, реди победи, се зголемува самодовербата, па играчот од средината на теренот Матео Гендузи посочи кои се целите на лацијалите за натпреварувачката 2024/2025.

-Мораме да ги држиме нозете на земја бидејќи се уште сме во раната фаза од сезоната и имаме многу тешки противници и во Серија А и во Европа. Подобро е да не зборуваме за цели, но ако бидам искрен, би сакал да се вратам во Лигата на шампионите, па мора да се обидеме да завршиме меѓу првите четири.

-Нема да биде лесно, бидејќи има најмалку седум или осум екипи во Италија кои можат да се стремат кон таа цел, а разликата на табелата е многу мала, ние покажавме дека можеме да се натпреваруваме. Можеме да го кажеме нашиот збор и во Лига Европа и во Копа Италија. Го освоив ФА Купот и загубив финале во Лига Европа со Арсенал, двете се фантастични искуства. Би сакал да освојам трофеј со Лацио оваа или следната година, -порача Французинот кој сезонава одигра 14 средби за калчолигашот и има 1 гол и 1 асистенција.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни