Поврзете се со нас

Англија

Геје: Мбапе доаѓаше со мене да го гледа Евертон, Меси не беше заинтересиран

Објавено

на

Foto:twitter.com/Everton

Идриса Геје имаше тригодишен излет во ПСЖ и имаше шанса да соработува со големи фудбалски ѕвезди како Мбапе, Меси, Нејмар и Рамос, но од сите споменати, најдоброр искуство имал со Французинот.

Играчот за врска се врати во Евертон и повторно го игра најдобриот фудбал како член на „карамелите“, а клубот од Ливерпул бил негов омилен и во времето кога имал поголеми предизвици во француската престолнина.

Геје открива дека Килијан Мбапе бил навистина дружељубив и заедно со него ги гледал натпреварите на Евертон, додека Меси не гледал ништо интересно во натпреварите на премиерлигашот.

– Мбапе доаѓаше со мене да ги гледа натпреварите на Евертон, сакаше да го гледа секој меч. Таков не беше случајот со Меси. Ми беше тешко да го гледам Евертон од далеку, а Меси ми велеше како можам да гледам тим кој игра така лошо. Тоа беа смешни околности и доста интересни за мене.

– Додека се боревме лани за опстанок, се допишував со Дракслер и тој ми велеше дека сме многу лоши. Јас му тврдев дека ќе опстанеме и денот кога го направивме тоа, веднаш му одговорив, – открива Геје.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни