Македонија
Гедбан со емотивно „писмо“ ја затвори приказната со Вардар (ФОТО)
Калифа Гедбан од наредната сезона нема да го гледаме во дресот на Вардар, но африканскиот голман никогаш нема да го заборави периодот минат во таборот на „црвено-црните“ и тоа може да се заклучи по емотивното „писмо“ кое го објави на социјалните мрежи.
-Денес сакам да изразам благодарност за двете минати години во Вардар, ми се оствари сонот да бидам дел од овој голем тим заедно со најдобрите играчи на светот. Триумфот во Лигата на шампионите, СЕХА-лигата и македонската лига се најголемиот успех во мојата кариера, а тие спомени никогаш нема никогаш да ги заборавам. Ти благодарам Вардар што ми даде шанса да го развеам знамето на мојата држава на најголемата ракометна сцена и што го постигнав невозможното.
-Голема благодарност до сите мои соиграчи кои беа покрај мене покрај мене и ме пречекаа и ме натераа да се чувствувам како дома особено до легендата Столе Стоилов без кој Вардар не може да се замисли. Капитен и лидер, одличен пријател, исто така голема благодарност до навивачите кои ме пречекаа и беше прекрасно цело време, без нив Вардар немаше да го постигне овој успех бидејќи тие предизвикуваа страв кај секој тим кој ќе влезеше во салата, секогаш навиваа и не туркаа дури и во најлошите моменти.
-Ти благодарам Вардар, ти благодарам Македонија, -напиша Гедбан.
Алжирецот од 2018 до оваа година беше дел од Вардар, во новата сезона ќе го чува голот на Адемар Леон.
-
АТПпред 19 часа
Вимблдон ја повлече забраната за тенисерите од Русија и Белорусија
-
Италијапред 16 часа
Палјука му предлага на Интер да го продаде Онана и да ангажира конкретна замена
-
Францијапред 24 часа
Евра со две реченици објасни зошто ПСЖ никогаш нема да ја освои титулата во ЛШ
-
Англијапред 18 часа
Гвардиола за настапот на Халанд против Ливерпул: Животот носи ризици…
-
Англијапред 17 часа
Паратичи се повлече од функцијата во Тотенхем
-
Германијапред 20 часа
Тухел за начинот на кој добил отказ од Челси: Тоа беше шок!
-
АТПпред 4 часа
Синер му се реваншираше на Алкарас и го врати Ѓоковиќ на врвот
-
Италијапред 18 часа
Инѕаги отпиша тројца играчи за утрешното дерби, но е среќен поради формата на Лукаку