Поврзете се со нас

Македонија

Гечевски се повлекува од МКФ, поранешен македонски селектор ќе биде нов спортски директор

Објавено

на

Македонската легенда, Тодор Гечевски нема повеќе да ја извршува функцијата спортски директор во куќата на кошарката.

Имено Гечевски поради приватни причини реши да се повлече од досегашната функција која ќе ја преземе поранешниот македонски репрезентативец и екс селектор на националниот тим Марјан Србиноски.

-Во овој период кој е пред нас, морам да решавам некои ситуации кои се од приватни причини, и кои од мене бараат и определно отсуство од одговорната функција која ја имам во федерацијата. Но останувам тука, навистина со намалено присуство во работата која ја презема Марјан Србиноски.

-Човек со кој отсекогаш сум имал одлична соработка, и за кој сметам дека ќе одговори на барањата кои со себе ги носи функцијата на спортски директор на федерацијата. Ќе бидеме во постојана комуникација, му стојам на располагање за се што ќе му биде потребно во работата, -истакна Гечевски.

Србиновски долго време е во нашата кошарка прво како играч, а потоа и како тренер каде имаше улога на асистент во Работички и Македонија за да потоа биде главен на клупата, плус ги има предводено Торус, Кожув, Куманово и Гостивар.

Ова за него ќе биде нов предизвик во кариерата, но и прв ангажман во раководството на федерацијата.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни