Поврзете се со нас

Репрезентација

Гечевски излезе со објаснување за отсуството на Димитријевиќ

Објавено

на

Александар Тодоров вчера ја соопшти официјалната листа на играчи на кои ќе смета на „балонот“ во Талин, турнир на кој ќе одиграме два квалификациски меча против Италија и домашната Естонија.

Најголемо изненадување беше тоа што во конечниот список не се најде фантастичниот Ненад Димитријевиќ, па со оглед на тоа што се појавија разни шпекулации за неговото неселектирање, денеска со јавно појаснување излезе спортскиот директор на Федерацијата, Тодор Гечевски.

– Сакам да појаснам некои работи поврзани со наводен случај кој се создава во нашата кошаркарска јавност, поврзан со Ненад Димитријевиќ. Тој дојде во Скопје, и денеска разговарав со него, за ситуацијата во која се најде откако поради корона вирусот во изминатиот период не беше во состојба да ги извршува своите професионални обврски, – потенцира Гечевски и додава.

– Пред сè, за нас, а и за сите други, најважно е неговото здравје. Ќе видиме дали и колку во овој момент Ненад е подготвен да одговори на барањата кои со себе ги носи еден турнирски систем на натпреварување како овој што следува во Талин. Друг непознат момент е што во рок од четири дена, според протоколот на ФИБА, тој мора да има два негативни теста од Covid-19. Затоа, кога ќе ја имаме неговата комплетна здравствена слика, ќе знаеме кои ќе бидат следните чекори, – се дообјасни Гечевски кој со ова долови дека Нено се уште не е комплетно прецртан за играње.

Македонската ескедиција веќе отпатува за Талин и се очекува да стигне таму до крајот на денот, пет дена пред првиот од двата предвидени дуели.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни