Геце испрати порака до четата на Лев пред почетокот на одбраната на титулата (Фото)

gece

Марио Геце беше херој на Германија на минатото Светско фудбалско првенство каде со својот погодок им ја донесе четвртата титула на големите собири на најквалитетните репрезентации.

Меѓутоа тој не е дел од составот на „панцирите“ за мундијалот во Русија, но тоа не значи дека нема да им ја даде целосната поддршка на своите колеги. Фудбалерот на Борусија Дортмунд се јави на социјалните мрежи и пред првиот меч на Германија на шампионатот против Мексико, посака одбрана  и петта ѕвезда.

-Стискам палци за тимот. Донесете ја 5 ѕвезда, -напиша Геце.

Да потсетиме најдобра репрезентација на СП е Бразил со пет пехари, додека на делба на второто место се Италија и Германија по четири.

Facebook Коментари