АТП
„Газета“ со свој заклучок по финалниот епилог: Синер го врати во игра канибалот Ѓоковиќ! (Фото)

Италијанските медиуми беа уверени дека Јаник Синер може да го повтори подвигот на Рожер Федерер и да стигне до трофејот на завршниот Мастерс без загубен меч на 22-годишна возраст, но такво нешто спречи неповторливиот српски тениски мајстор, Новак Ѓоковиќ.
Светскиот рекет број еден зададе уште еден удар кога беше најважно и покажа дека е тешко победлив во финалињата, па иако загуби од Синер во групната фаза пред неколку дена, овојпат славеше рутински со 6:3 и 6:3 за рекордна седма титула на завршните турнири.
Ѓоковиќ го поправи рекордот на Рожер Федерер и сега изби сам на вечната листа, а новиот успех на Србинот изнуди и интересна анализа на угледната „Газета“, која уште еднаш потсети дека Синер можеше да има многу полесна задача ако го елиминираше Ноле во групната фаза.
Ноле ќе се спакуваше и ќе си одеше од Торино доколку Синер загубеше од Руне во третото коло, но Италијанецот реши да не калкулира и го остави Ѓоковиќ во игра, нешто што вчера се покажа како кобно за младиот Јаник.
– Да беше Јаник Синер некој што сака лесни работи, ќе ги искористеше болките во грбот против Руне и ќе испечеше крцкав и мирислив бисквит, кој ќе беше доволен за елиминација на Новак Ѓоковиќ. Наместо тоа, шампионите сакаат да победуваат на секој меч. Синер се бореше со Данецот, победи и го врати во игра канибалот кој е жеден за одмазда.
– Синер излезе на терен по вторпат и се обиде да даде максимум против српскиот Супермен, шампион на 24 грен смел титули и најдобар играч на светот веќе 400 недели. За жал, тоа не беше доволно, мечот заврши 6:3 и 6:3, а сонот да биде шампион на завршниот Мастерс на 22 години се урна во дуелот со немилосрдно цврстиот Ѓоковиќ. Ако се прашува Ѓоковиќ, среќен крај за ривалите се невозможни, ако се сомневате во тоа, прашајте го Алкарас кој го доби истиот третман во полуфиналето, – пишува во текстот на „Газета“.
-
Шпанијапред 19 часа
Суарез за најавеното засилување на „кралевите“: Посакував да заврши во Барса, но Реал ќе добие ѕвезда во која ќе ужива со години!
-
Шпанијапред 15 часа
Поранешен претседател на Барселона: Реал прво да ни ги врати титулите, па да зборува за етика
-
Англијапред 14 часа
Премиер лигата го „круниса“ Мегваер, фановите му фатија сеир на Де Брујне
-
Светпред 18 часа
Одредени групите за Копа Америка, Аргентина ќе го отвори турнирот со плејоф победник
-
Англијапред 18 часа
Тен Хаг: Пријателите ме убедуваа да не ја прифаќам понудата на Манчестер Јунајтед
-
Англијапред 8 часа
Гвардиола за играчот кој никогаш не доби вистинска шанса: Жал ми е за него, не можем да го видам во тимот на Сити
-
Италијапред 16 часа
Јувентус следи фудбалер на Лацио чиј договор истекува во јуни
-
Англијапред 19 часа
Бруталниот Кин состави црна листа и наброја десет фудбалери кои треба да бидат ослободени од Тен Хаг