Поврзете се со нас

Италија

„Газета“: Јувентус добил зелено светло за ангажман на фудбалер на Манчестер Сити

Објавено

на

foto: https://www.facebook.com/Juventus

Амбициите на Јувентус сезонава да обезбеди место во Топ 4 зоната и пласман во Лигата на шампионите, а тренерот Макс Алегри јасно им посочил на членовите на раководството дека во јануари треба да биде доведено најмалку едно засилување во средниот ред.

„Бјанконерите“ го загубија Погба поради позитивниот допинг тест и Фаџоли поради суспензијата од федерацијата, а еден од приоритетите сега им е Келвин Филипс од Манчестер Сити.

Играчот за врска не добива соодветна минутажа во редовите на европскиот шампион, а „Газета дело Спорт“ тврди дека Кристијано Џунтоли веќе имал средба со претставници на премиерлигашот и фудбалерот и добил зелено светло за заем на Филипс до крајот на сезоната.

На повремениот англиски репрезентативец ќе му биде нов предизвик да настапува во Серија А и преку агентите сигнализирал дека би прифатил ваков заем за наредните шест месеци. Останува уште Јувентус да го обезбеди финансискиот пакет, бидејќи платите на премиерлигашките фудбалери се над нивото на тие од италијанското првенство, па во јануари да биде и комплетиран трансферот.

Во меѓувреме, торинскиот клуб треба да ги објави продолжувањата на договорите со Мануел Локатели и Николо Фаџоли, кои ќе останат во Јувентус до 2028 година.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни