Поврзете се со нас

Италија

„Газета дело Спорт“: Интер ќе го отстрани главниот спонзор од дресовите

Објавено

на

Интер не успеа да ја реши невообичаената ситуација со главниот спонзор „Дигиталбитс“ и наскоро името на компанијата ќе биде отстрането од дресовите на првиот тим.

Ова денеска го тврди „Газета дело Спорт“, според чии сознанија, компанијата не ги исплатува обврските поради актуелната криза на пазарот на криптовалути, па раководството на Интер нема да дозволи „бесплатна“ реклама до крајот на сезоната.

Овој спонзор првично беше отстранет од официјалната интернет страница и рекламниот простор на стадионот и тренинг центарот, а во продолжение и од дресовите на женскиот и младинскиот тим.

Завршниот потег е елиминација на името „Дигиталбитс“ од централното место на дресовите на првиот тим на Интер.

Клубот бара нов спонзор, но тешко дека ќе пронајде компанија која среде сезона ќе ја презеде улогата и ќе може да ги плати истите средства како актуелниот спонзор.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни