Поврзете се со нас

Македонија

Газдата не го исполнил ветувањето, „Комити“ со потег за почит: Велигденска помош за фудбалерите на Вардар (ФОТО)

Објавено

на

Веќе долго време Вардар се мачи на финансиски план, но и покрај сите проблеми групата која во моментов е во клубот дава се од себе, едноставно прави чуда ако се земе предвиди колку месеци немаат земено плата, поточно таа нивна ангажираност, сплотеност овозможува тимот се уште да биде во трка за пласман во првата македонска лига.

Голема поддршка играчите и стручниот штаб имаат од навивачката група „Комити“ која уште еднаш покажа колку го сака клубот, па откако  сопственикот Слободан Крстевски не им ги исплатил ветените мининални финансии, навивачите се организирале и одлучиле да им дадат симболична финансиска помош.

ВАРДАР – КЛУБ НА НАРОДОТ!
По натпреварот против Гостивар, дознавме дека “директорот” на клубот, Слободан Крстевски – Цобе, на фудбалерите не им ги исплатил ветените мининални финансии. Човекот кој во секој сегмент ја изневери нашата и довербата на фудбалерите, нема да го коментираме. Не е достоен за коментар!
Би сакале само да ја информираме јавноста, дека како група одлучивме, во пресрет на најголемиот христијански празник Велигден, на сите фудбалери, и на стручниот штаб, да им подариме симболична финансиска помош. Знаеме дека тоа не е доволно, дека заслужуваат повеќе, но е искрен гест, со кој јасно порачуваме дека нивната болка е и наша болка.
Приходот од продадените билети, решивме да ги искористиме на овој начин.
Воедно, сакаме да ја информираме јавноста дека пред почетокот на втората полусезона, како група финансиски помогнавме и допринесовме кон тоа да клубот продолжи да функционира. Континуирано помагаме во секој сегмент, од купување медикаменти, преку обезбедување терени за тренинзи, за сите категории фудбалери, до целосна организација на сите тековни натпревари. Сето ова, го правиме со цел, нашите фудбалери – херои, да имаат достојни услови за играње!
За крај, благодарност до илјадниците навивачи, кои ја препознаа нашата борба, кои вчера беа на стадионот во Маџари и околу него. Борбата за Вардар е борба за Македонија. Вардар е клуб на народот, бил и ќе остане. Затоа не може да се уништи!
Борбата продолжува, -велат „Комити“ во својата објава на социјалните мрежи.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни