Италија
Газдата на Торино се правда пред навивачите: Не сакав да ми се повтори случајот со Белоти
Торино во летниот преоден рок остана без двајца квалитетни дефанзивци, а навивачите очекувано се незадоволни од стратегијата на сопственикот Урбано Каиро.
По трансферот на Алесандро Бонџорно во Наполи, Торино даде зелено светло и за трансферот на Раул Беланова во Аталанта, а јасно е дека барем во овој преоден рок клубот нема да може да најде соодветни замени.
Каиро се правда со фактот што фудбалерите решиле и инсистирале да заминат и тој не сакал да ги задржува во таква ситуација.
– Агентот на Беланова имаше комуникација со мене последните недели, навести заминување, па не е изненадување што веднаш штом доби понуда од Аталанта истата е прифатена.
– Ќе бев среќен и Бонџорно да останеше со нас, но задржување на фудбалер против неговата волја е грешка. Тоа ми се случи во минатото со Нкули и Белоти и не планирам да го повторувам истото, бидејќи знам дека долгорочно таквата одлука ќе ни се врати како бумеранг, – рекол Каиро.
Сопственикот на клубот потврдил дека Торино добил понуда и за Дуван Ѕапата, но истата е одбиена бидејќи напаѓачот сакал да остане.
-
Светпред 19 часа
Ривалдо бара да се вратат двајца ветерани во бразилската репрезентација: Тоа се големи имиња…
-
АТПпред 16 часа
Тениски срам: Пред неколку години беше во топ 20, сега загуби меч за 37 минути во сомнителни услови (Видео)
-
Светпред 22 часа
Србите го бараат наследникот на Пешиќ, две имиња се во игра
-
Светпред 22 часа
Кимих: Не ми се допаѓа новото правило, судиите се премногу чувствителни
-
Италијапред 24 часа
Тоти: Де Роси може да заврши како Мурињо
-
Италијапред 20 часа
Бобан: Ибрахимовиќ направи колосална грешка…
-
Светпред 14 часа
Родри: Ќе биде неправедно за Чави и Иниеста, но јас веќе се чувствувам како победник на „Златната топка“
-
АТПпред 20 часа
Вавринка го состави идеалниот тенисер, Федерер и Ѓоковиќ пред Надал (ВИДЕО)