Поврзете се со нас

Англија

Газдата на Ливерпул ја научил лекцијата: Го изневерив Клоп, играчите, фановите……

Објавено

на

Јирген Клоп и играчите на Ливерпул беа ставени во навистина непријатна ситуација пред и по натпреварот со Лидс Јунајтед кој се одигра во понеделникот, бидејќи тие мораа да одговораат на прашања поврзани за одлуки кои не се во нивна надлежност и кои биле потпишани од луѓето од самиот врв во клубот.

Ливерпул беше еден од 12-те потписници на Супер лигата која брзо почна да доживува колапс со откажувањето на сите шест англиски клуба, кои понесени од притисокот кој го создаде целата јавност на Островот, беа принудени брзо да се повлечат и да се оттргнат од концептот кој го предложија Флорентино Перез и Андреа Ањели.

Џон Хенри како газда на Ливерпул бил потписник на споменатиот пакт за формирање на Супер лигата, а како одговорен за целиот хаос кој се создаде околу клубот, сега тој излезе со официјално извинување.

– Сакам да им се извинам на сите фанови и поддржувачи на Ливерпул за нарушувањето кое го предизвикав во изминатите 48 часа. Ова помина без да се најави ништо, но овој проект никогаш немаше да пројде без одобрување од фановите. Никој не мислеше поинаку во Англија. Во изминатите 48 часа ставивте јасно до знаење дека не сте за проектот. Ве слушнавме, ве слушнав. Затоа, сакам да му се извинам на Јирген, на играчите, на сите кои работат толку напорно за да ги направат горди нашите фанови. Тие немаат никаква одговорност за овој хаос, тие беа непотребно вознемирени, а тоа ме боли најмногу.

– Се извинувам за цела негативност која ја донесов, ве изневерив во изминатите неколку дена. Ова е нешто што никогаш нема да го заборавам, ова ја покажа силата на фановите. Ако има нешто лошо во целата оваа ужасна ситуација со пандемијата, тоа се празните стадиони без фановите. Дознавме колку фановите се круцијални за нашиот спорт, – вели претседателот на Ливерпул.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни