Поврзете се со нас

Шпанија

Газдата на Лидс огорчен од потезите на Барселона: Ми беше срам да им се јавам во Челси!

Објавено

на

Foto:twitter.com/FCBarcelona

Фудбалските ѕвезди и нивните агенти добија огромна моќ во последните десетина години и тие се движечка сила на трансфер пазарот, односно тоа се двете страни кои го диктираат темпото и прават фудбалските газди да бидат немоќни и инфериорни.

Токму за ова говори разочараниот газда на Лидс Јунајтед во своето последно обраќање за „Атлетик“, во кое вели дека морал да си го погази зборот и да не го исполни ветувањето кое му го дал на Тод Боли, газдата на Челси.

Причина за таквото сценарио биле потезите на Рафиња и неговиот агент Деко, кој на крајот издејствува посакувана понуда од Барселона, која иако задоцнета, се покажа како доволна Бразилецот да заврши на „Камп Ноу“.

– Јас му дадов збор на Челси и кога давам збор, мојот збор значи многу. Бев засрамен што морав да им се јавам во Челси, на Тод Боли и да ја променам мојата позиција во преговорите. Почнавме преговори со Челси бидејќи играчот сакаше да остане во Англија, но за жал, влијанието на Барселона направи да се чека, да се чека и да се чека. Се чекаше се додека не најдоа решение за трансфер.

– Ова е нашата нова реалноста, влијанието на играчите и агентите е преголем во системот. За мене тоа е претерано, ние немаме никаква моќ. Ние вложуваме толку многу во клубовите, инвестираме милиони, но моќта е кај играчите и агентите на играчите, – вели Андреа Радрицани, кој за крај се заканува дека ќе настане глобален скандал доколку Барселона задоцни со исплатите на фудбалерот кој им го продадоа.

– Ако Барселона не плати во договорените услови, ќе имаме глобален проблем и скандал. Тоа ќе излезе во сите медиуми во светот, – завршува Радрицани.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни