Поврзете се со нас

Англија

Газдата на Челси убеден пред гостувањето на „Бернабеу“: Ќе победиме 3:0! (Видео)

Објавено

на

Foto:instagram.com/chelseafc

Тод Боли се реши за многу радикални потези во својата прва сезона како мандатар на Челси, бидејќи на стартот на истата го „шутна“ Томас Тухел, а во одлучувачкиот период реши повторно да реагира.

По низата лоши резултати во домашното првенство, газдата на Челси му врачи отказ на Грем Потер, но уште поголемо изненадување беше тоа што на негово место го донесе Френк Лампард.

Легендата на Челси без размислување одговори на повикот од клубот и прифати да го води тимот до крајот на сезоната, но првиот меч не мина баш добро и загуби од Вулверхемптон.

Вториот предизвик ќе биде уште потежок, бидејќи Челси вечерва му гостува на актуелниот шпански и европски шампион, Реал Мадрид.

„Кралевите“ влегуваат како фаворити во четвртфиналниот двомеч, но Тод Боли денеска е прилично уверен дека Челси ќе слави на „Сантијаго Бернабеу“.

– Ќе победиме. Ќе победиме со 3:0. Им велам на фановите да имаат верба во нас и дека ќе победиме 3:0 оваа вечер, – изјави Боли.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни