Гавирија повторно најдобар во луд фото финиш на Тур де Франс

gavirija-tur

Четвртата етапа на Тур де Франс повторно беше потцртана како делница на која до израз ќе дојдат најдобрите спринтери во светот, а вторпат од почетокот на годинешното издание на најпрестижната трка, младиот Гавирија ни докажува дека станува збор за голем потенцијал.

Дваесет и тригодишниот Колумбиец славеше на првата етапа на Тур де Франс, а на своето прво учество на најпознатата трка во светот докажува извонредни квалитети откако денеска во директен дуел ги доби феноменалните спринтери Петер Саган и Андре Грејпел.

Во фантастичен фото финиш, Гавирија за неколку милиметри беш побрз од своите главни конкуренти во групата, со тоа што на крајот Саган заврши втор, а Грејпел трет. Спринт финишот на четвртата етапа која беше долга 198 километри не донесе никаква промена во генералниот пласман, па така жолтата маичка и утре ќе ја носи Ван Авермет.

Facebook Коментари