Поврзете се со нас

Шпанија

Гави заработи тежок удар во глава, па беше елиминиран од лекарот: Немам идеја кој ден е денес (Видео)

Објавено

на

Пабло Гави важи за фудбалер кој влегува без поштеда во секој можен дуел, а таквиот пристап понекогаш прави да биде дел и од непријатни ситуации.

Неуморниот играч за врска на Барселона беше стартер на вчерашниот натпревар против Алавес, но мораше да биде повлечен од игра после само 14 минути игра и место на теренот доби Фермин Лопез, сето тоа откако лекарот на Барселона оцени дека Гави не е во состојба да го доигра мечот.

Гави имаше жесток судир со глава со противнички фудбалер и доби потрес на мозокот, па поради тоа, лекарот на Барселона брзо го елиминираше од натпреварот, нешто за што клучна била конверзацијата.

Докторот го прашал Гави дали знае во кој ден се игра натпреварот против Алавес, по што играчот за врска го одговорил следното:

– Немам е.ена идеја кој ден е денес……..

И покрај ова, Гави во свој стил инсистираше да остане во игра, но потоа пријде Ханси Флик и му нагласи дека мора да ја послуша препораката на медицинското лице.

Видеото од конверзацијата со докторот погледнете го ТУКА

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни